Дома Фудбал Останато Ренџерс го доби и второто дерби со Селтик за неверојатни +19!

Ренџерс го доби и второто дерби со Селтик за неверојатни +19!

Тимот на Ренџерс го доби и второто дерби со Селтик, овој пат Селтик беше поразен со 1:0.

Во првото полувреме од натпреварот на „Иброкс парк“ подобри беа гостите, но домаќинот се спасуваше со одличните одбрани на Алан Мекгрегор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На стартот од второто полувреме Нир Бартон доби црвен картон, а осум минути подоцна домаќините стигнаа до гол кога Калум Макгрегор си постигна автогол.

Со оваа победа Ренџерс од најголемиот ривал побегна на неверојатни 19 бодови, но треба да се спомене дека имаат и три натпревари повеќе.

Со оглед на моменталната форма се појасно станува дека тимот на Стивен Џерард ќе стигне до титулата. Тоа за Ренџерс би била прва титула уште 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…