Денес во рамките од 10-тото коло Македонија Ѓорче Петров и Вардар одиграа реми 1:1.
Во првото полувреме гледавме натпревар без многу прилики, па не видовме и погодоци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вториот дел донесе многу подинамична игра, а гол видовме после само 45 секунди игра. Аврамовски си направи простор за удар, шутираше од работ на шесанесетникот и го совлада голманот на домаќините.
Од водството на Ѓорче Вардар започна да игра многу подобро, па стигна и до изедначување.
Јашаровски беше стрелецот на голот на за изедначување со еден одличен волеј удар.
После ова реми Вардар и Академија Пандев имаат по 21 бод на табелата, додека Македонија Ѓорче Петров е на третата позиција со 16 бода.
Во останатите три натпревари Силекс славеше со 2:0 против Ренова, Струга Трим Лум однесе три бода на гости против Работнички додеа, Борец и Шкупи одиграа 1:1.