Дома Останати Кошарка НБА Рекорд на кариерата на Мидлтон, Дончиќ под нивото, дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер (ВИДЕО)

Рекорд на кариерата на Мидлтон, Дончиќ под нивото, дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Феникс Санси го декласираа Далас во Тексас со 133:104. Гостите од Аризона во првата четвртина дојдоа до двоцифрена предност, Мавси се вратија, но Феникс во продолжение додаде гас и во последната четвртина влезе со предност од 31 поени (108:77).


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Санси во третата четвртина постигнаа дури 48 поени, а примија 22.

Девин Букер се издвојуваше со 32 поени, 6 скока, 9 асистенции и 2 украдени топки. Одличен беше и Диандре Ејтон со 31 поен и 9 скокови, Кели Убре додаде 19, а Дарио Шариќ 8 со 4 скока, 2 асистенции и по една украдена топка и блокада за 22 минути.

Кај Маверикс Лука Дончиќ постигна 21 поен со 6 скокови и 3 асистенции, а Џелен Бранстон и Џеј Баре уфрлија по 15.

Лидерот Милвоки во меч во кој имаше 282 и без Јанис Антетокумпо го доби Вашингтон со 151:131. Во редовите на Милвоки блескаше Мидлтон кој со 51 поен постави рекорд на кариерата, а за 36 минути на паркетот имаше уште 10 скока и 6 асистенции.

Одличниот Мидлтон го следеше Ерик Бледсо со 34 поени, 6 скокови и 10 асистенции, а Донте Дивичено запиша 16. Во третиот пораз во последните четири меча Бредли Бил забележа 47 поени и 6 асистенции, Томас Брајант 18 и Дејвис Бертанс 15 со 3 скока.

Никола Јокиќ стигна до дабл-дабл, но и покрај тоа Денвер изгуби на гостувањето кај Мемфис со 104:96. Јокиќ беше најефикасен играч на натпреварот со 25 поени, 13 скока и 5 асистенции.

НБА резултати:

Шарлот – Њујорк Никси 97:92

Филаделфија – Голден Стејт 115:104

Кливленд – Њу Орлеанс 111:125

Торонто – Атланта 130:114

Мемфис – Денвер 104:96

Мајами – Бостон 101:109

Милвоки – Вашингтон 151:131

Далас – Феникс 104:133

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…