Дома Останати Кошарка НБА Рекорд на кариерата за Јанг, Јанис ги водеше Бакси до нова победа (ВИДЕО)

Рекорд на кариерата за Јанг, Јанис ги водеше Бакси до нова победа (ВИДЕО)

Неколку натпревари беа одиграни во НБА лигата изминатата вечер.

Јанис Антетокумпо продолжи да доминира со Милвоки Бакси кои во Детроит славеа со 126:106. Грчкиот кошаркар уфрли 33 поени и додаде 16 скокови, додека Миделтон постигна 19 поени, Бледсо 19. Вуд со 18 беше најефикасен кај Пистонси. За Бакси ова беше 47. победа во 55. натпревар и во овој момент се први на истокотот, но и генерално во НБА.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


https://youtu.be/1JWWW9MxASo

Атланта со 129:124 славеше против Мајами. За Атланта неверојатен натпревар одигра Трае Јанг. Јанг успеа да постигне 50 поени и да запиша осум асистенции со што оствари рекорд на кариерата.

Хјустон со 135:105 триумфираа во Сан Франсиско против Голден Стејт. Харден натпреварот го заврши со 29 поени и 10 асистенции до дабл-дабл стигна и Вестбрук со 21 поен и 10 асистенции. Кај поразените Вингс уфрли 22 поени.

https://youtu.be/SskiNCe7d5g

НБА резултати:

Детроит – Милвоки 106:126

Атланта – Мајами 129:124

Чикаго – Шарлот 93:103

Филаделфија – Бруклин 112:104

Сакраменто – Мемфис 129:125

Голден Стејт – Хјустон 105:135

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Неверојатно промашување на Лаутаро🎥

Интер има водство на полувремето против градскиот ривал Милан од 1:0 со голот на Ачерби, н…