Дома Фудбал Англија Рекорд во Премиер лигата: Евертон е вистински „пациент“ на Арсенал! 🎥

Рекорд во Премиер лигата: Евертон е вистински „пациент“ на Арсенал! 🎥

Aрсенал продолжи со одличните настапи да чекори кон титулатаво Премиер лигата, a во вчерашниот натпревар против Евертон поставија и еден необичен рекорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Машинеријата“ на Микел Артета беше подобра од Евертон со убедливи 4:0 со што ја вратија предноста во однос на Манчестер Сити од пет бода. Се држеа „карамелите“ се до 40-тата минута кога Зинчеко го пронајде Сака кој погодува за 1:0.

Само неколку минути подоцна во продолжението од првото полувреме, Сака во улога на асистент го проигра Мартинели кој зголемува на 2:0. Сите дилеми околу победникот ги реши Мартин Одегард кој на 20-тина минтуи пред крајот на натпреварот донесе водство од 3:0 за „топџиите“.

Конечните 4:0 ги постави Габриел Мартинели со својот втор гол во денешниот натпревар, воедно стана и најдобар стрелец на Арсенал сезонава во Премиер лигата.

Арсенал испиша историја со оваа победа затоа што стана првиот тим во Премиер лигата кој против некој друг тим стигнал до 100 победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Видео од четири минути ги покажува сите спорни одлуки на натпреварот на Египет и Аргентина (Видео)

Од првото коло на Мундијалот, кога во натпреварот против Алжир Лионел Меси не доби црвен, …