
Во изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.
Екипата на Денвер на свој паркет беше подобра од Сакраменто со 115:108.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Во тимот на Наџентси посебно се истакна Никола Јокиќ кој имаше 19 поени, 15 асистенции 14 скокови, што за него беше веќе трети трипл-дабл оваа сезона, Најефикасен во натпреварот беше Бесли со 23 поени, додека Никси ги предводеше Корнет со 19.
https://youtu.be/2FAQGJ0tmsA
Блескава ноќ имаше Каваи Леонард во победата на својот Торонто над Јута со резултат 122:116, тој постигна 45 поени. Поранешниот кошаркар на Спарсите беше најзаслужен за убедливата победа на Торонто, а добар настап прикажа и Сиакам кој постигна 28 поени и запиша 10 скокови. Јуата со 30 поени ја предводеше Кроудер.
Миловоки го совлада Детроит со 121:98, а 25 поени постигна Брук Лопез. На гостите не им помогна ниту одличната вечер која ја имаше Блејк Грифин кој со 29 поени беше најефикасен играч на натпреварот.
Во натпреварот помеѓу Лос Анџелес Клиперси и Филаделфија славеше Филаделфија со резултат 119:113, а најдобар играч на натпреварот беше Џоел Ембид со 28 поени и 19 скокови. Во поразениот тим се истакнаа Вилијамс со 22, како и Галинари и Харис со по 21 поен.