Вчера на натпреварот помеѓу Њукасл и Тотенхем се случуваше вистинска драма. Во 40. минута навивачите на домаќините бараа играта да се прекине затоа што на еден навивачите му се слоши.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ситуацијата со навивачот ја забележаа и играчите на теренот. Серхио Регулион прв истрча кај главниот судија и му кажа дека играта треба да биде прекината и да интервенираат докторите. Многу брзо докторите беа на трибините и беше констатирано дека навивачите имал срцев удар, за среќа со брзата реакција се заврши добро.




„Видов како навивачот лежи и се тресе, се загрижив. Отидов до судијата и му кажав дека треба да го прекине натпреварот. Погледна што се случува и веднаш реагираше. Слушнав дека човекот е добро и тоа е најважно“, изјави Регулион после натпреварот.