Протестите на навивачите на клубовите кои овие денови се случуваа во Англија изгледа ќе бидат причина за некои промени во раководствата на клубовите.
„Дејли Мејл“ објави дека Челзи започнал иницијатива која ќе ја прифатат и останатите клубови. Иницијативатабила и навивачите да имаат удел во одлуките кои го носи клубот, односно да бидат дел од управниот одбор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Идејата е во секој клуб да има тројца претставници на навивачите кои не би имале право на глас, но би можеле да го кажат своето мислење и директно да следат што се случува со раководењето на клубот и во која насока се оди.
Исто така се наведува дека апсурдни биле барањата на навивачите на Манчестер Јунајтед им бидат доделени 51% од акциите на клубот. Како и да е споменатиот потег може да биде голем чекор кон инволвирањето на навивачите во внатрешноста на клубовите.