Николас Отаменди на лето би можел да ја промени средината и да се пресели во редовите на Реал Мадрид.
Се споменуваат многу имиња како можни засилувања на Реал Мадрид, но „Мадриѓаните“ најпрво би го довеле Отаменди од Манчестер Сити. Вреди да се напомене дека Лапорт пристигна на „Етихад“ и дека сега заминувањето на Отаменди е се поголемо веројатно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Отаменди ќе биде на продажба, а Реал го сакаше и порано. Аргентинецот би ја пополнил дефанзивната линија во тимот од „Сантијаго Бернабеу“, а Зидан смета дека во последната линија во клубот „дуваат ветрови“ и дека со Отаменди би ги пополнил недостаците кои ги има неговиот тим.
Отаменди претходно играше за Порто и Валенсија, тогаш се поменуваше како засилување на Реал, но Сити плати речиси 40 милиони евра за фудбалер кој има 29 години.