Шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад одлучи да го смени досегашниот тренер Гаритано.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Клубот од Сан Себастијан во последно време бележи катастрофални резултати во Ла Лига, а четвртиот пораз по ред резултираше со раскин на договорот со Гаритано.
На клупата на Реал Сосиедад во наредниот период ќе биде 47-годишниот Иманол Алгуасил, кој во деведесетите години играше за овој клуб, а првиот тим како тренер го водеше во финишот на претходната сезона.
Во клубот се убедени дека Алгуасил ќе го извади тимот од летаргија и дека под негово водство ќе дојдат подобри денови за Сосиедад, кој моментално се наоѓа на 15. позиција со 19 освоени бодови.
Алгуасил дебито ќе го има на 6. јануари на Сантијаго Бернабеу.