Дома Фудбал Реал се пласираше во четвртфиналето на Кралскиот Куп, но навивачите се разочарани

Реал се пласираше во четвртфиналето на Кралскиот Куп, но навивачите се разочарани

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Кралскиот Куп откако со вкупен резултат 3:1 беа подобри од Леганес.

Кралевите првиот натпревар минатата недела го добија со 3:0 на Бернабеу, а синоќа во реваншот загубија со 1:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако никој не им даваше многу шанси, домашните не се преваа во реваншот и го одиграа еден од најдобрите натпревари во сезоната. Дојдоа до водство во 30. минута, но тука не застанаа и продолжија да притискаа кон голот на противникот.

Во последните десетина минути тргнаа на се или ништо и во тие моменти направија неколку одлични шанси, но втор гол никако да постигнат. Од друга страна, Реал напаѓаше преку контри, а најдобрата шанса ја имаше новиот играч Диаз кој во 89. минута ја погоди стативата.

Реал во четвртфиналето им се придружи на Билбао и Џирона кои претходно обезбедија пласман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…