Дома Топ вести Реал сака да ја поправи грешката: Ја сака новата ѕвезда на Милан!

Реал сака да ја поправи грешката: Ја сака новата ѕвезда на Милан!

Реал Мадрид со победата во градското дерби во целост се врати во трката за титулата во Примера.

Сепак, без разлика како ќе се заврши оваа сезона, „кралевите“ спремаат сериозна реконструкција на тимот наредното лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дон Балон“ пренесува дека во Мадрид се импресионирани со новиот фудбалер на Милан, Лукас Пакета и сакаат да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.

Пакета беше мета на „кралевите“ уште додека играше за Фламенго, но Леонардо ја победи конкуренцијата и го донесе во Милано.

Бразилецот веднаш се вклопи во новата средина и почна да го покажува својот квалитет, па го оправда епитетот на нова бразилска ѕвезда.

Пакета има 21 година и многумина го споредуваат со Рикардо Кака, кој токму од Милан се пресели во Реал Мадрид во 2009 година.

Познато е дека Иско на крајот на сезоната ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“, па „кралевите“ токму во Пакета гледаат идеална замена за шпанскиот плејмејкер. Перез секогаш ги сака новите ѕвезди на светскиот фудбал, па после Винисиус сака да го донесе и Лукас Пакета.

Сепак, тешко е да се поверува дека „росонерите“ лесно ќе се откажат од својата нова ѕвезда. Милан за потписот на Пакета инвестираше 35 милиони евра, па „кралевите“ ќе треба добро да го одврзат кесето за да го добијат потписот на Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…