Дома Фудбал Реал продолжува со победите, овој пат клучни дефанзивците (видео)

Реал продолжува со победите, овој пат клучни дефанзивците (видео)

Реал Мадрид ја продолжи серијата на добри резултати и денес освои важни три бода на гостувањето кај Алавес. (1:2)

Во првото полувреме иако „кралевите“ ја имаа иницијативата сепак мрежите мируваа, а во вториот дел видовме три гола.

Првиот погодок падна во 52. минута, откако по одличниот центаршут на Тони Крос, капитенот Серхио Рамос со глава ја смести топката во мрежа.

Алавес се врати во игра во 65. минута со погодокот на Перез, а четири минути подоцна Дани Карвахал му донесе три бода на Реал Мадрид.

Реал на табелата има 31 бод, односно три повеќе од Барселона, која утре му гостува на Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Волтемаде го спаси Јувентус, па откри: За пеналот прво го прашав Коло Муани

Јувентус остана без победа против Рен (2-2), а Ник Волтемаде откри како ја презел одговорн…