Долго време Килијан Мбапе низ медиумите се поврзува со Реал Мадрид, па тој трансфер сигурно ќе биде „жешка“ тема и следното лето.
Реал го сакаше Мбапе уште кога за прв пат блесна во европските фудбал во дресот на Монако, меѓутоа младиот фудбалер се одлучи да направи трансфер во Париз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот прв човек на Монако, Вадим Васиљев сега потврди дека Реал сакал да го доведе Мбапе кога играл за Монако, дури и откри дека „кралевите“ понудиле повеќе пари од ПСЖ, но пресудила желбата на фудбалерот.
„Реал Мадрид во 2017 година понуди повеќе пари за Мбапе. Но, тогаш Мбапе ми кажа дека премногу му е рано за трансфер во Реал. Освен тоа тој е Парижанец и сакаше уште да игра во својата земја. Поради тоа му излеговме во пресрет и не му правевме проблеми, иако понудата на ПСЖ беше пониска“, откри Василјев.
„Вадим, ќе биде и тоа наскоро, не сум играл во сопствената земја повеќе од една година, јас сум од Париз, во овој момент не сакам да ја напуштам мојата земја, сакам да станам голем играч тука, Реал Мадрид ќе ме чека“, биле зборовите на Мбапе, открива Василјев.