Дома Фудбал Реал ослабен против Баерн: Бејл го пропушта вториот дуел со германскиот гигант

Реал ослабен против Баерн: Бејл го пропушта вториот дуел со германскиот гигант

Европскиот првак Реал Мадрид ќе настапи ослабен на реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите што се игра денес против Баерн бидејќи тренерот Зинедин Зидан нема да може да смета на Герет Бејл. Играчот на Реал се повреди во текот на вториот дел од првиот натпревар што во средата се играше во Минхен.

Велшкиот репрезентативец како што пренесуваат шпанските медиуми би можел да го пропушти и саботниот натпревар од Примера против Барселона поради повредата.

Во текот на оваа сезона Бејл има проблеми со повредите, а досега одигра 25 натпревари во сите натпреварувања и постигна девет голови.

Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето во Минхен го победи Баерн со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…