Дома Фудбал Реал организираше аукција, дресот на Модриќ достигна највисока цена

Реал организираше аукција, дресот на Модриќ достигна највисока цена

Реал Мадрид организираше аукција на дресовите кои фудбалерите ги носеа на мечот против Еибар.

Интересно е тоа што дресот на Лука Модриќ беше најскапо продаден и тоа за повеќе од двојно од дресот на Еден Азар. Непознато лице од САД победи на аукцјиата и даде 7.000 евра за дресот на Хрватот.

Далеку зад него се Азар и Серхио Рамос, чии дресови беа продадени за 3.200 и 3.101 евро, а дресот на Герет Бејл беше продаден за 1.557 евра.

Дресот на Крос чинеше 1.550, тој на Бензема 1.450, а најефтиниот на Милитао изнесуваше 839 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс бара голови во МЛС: Евертон го следи напаѓачот со 18 погодоци

Келвин Јебоа од Минесота јунајтед е меѓу опциите на Евертон за јануари. Неговата цена би м…