Дома Топ вести Реал не шутна во рамките од голот, Барса победи со конфузен автогол 🎥

Реал не шутна во рамките од голот, Барса победи со конфузен автогол 🎥

Иако со проблеми со повредени фудбалери, Барселона вечерва славеше победа против Реал Мадрид на „Бернабеу“ со 0:1 во првиот натпревар од полуфиналето во „Копа Дел Реј“.

Вечерва гледавме еден натпревар во кој немаше премногу шанси, а одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 26-тата минута кога Едер Милитао си постигна автогол.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Франк Кеси влезе во одлична прилика и излезе сам пред Куртоа. Белгискиот голман го одбрани неговиот удар, но топката го погоди Милитао и заврши во мрежата. Каков натпревар гледавме доволно зборува тоа што Реал Мадрид упати 11 удари кон голот на Тер Штеген, меѓутоа ниту еден не одеше во рамките од голот.

    Ниту, Барселона не беше премногу опасна, Каталонците испратија четири удари и два во рамките од голот. Веројатно да не беше тој конфузен автогол на Милитао и немаше давидиме победник.

    Патникот во финалето ќе се решава на 5-ти април кога Реал во реваншот ќе гостува на „Камп Ноу“.

    Коментари
    Прочитајте поврзани статии
    Load More In Топ вести

    Проверете

    Италија со пресврт ја победи Албанија

    Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…