Дома Фудбал Реал на лето може да остане без пет ѕвезди

Реал на лето може да остане без пет ѕвезди

Како што пренесуваат шпанските медиуми на крајот на сезоната Реал Мадрид ќе мора да донесе големи одлуки бидејќи на дури пет фудбалери им истекуваат договорите.

Двајца од нив одбележаа цела една ера и без нив тешко може да се замисли составот на Карло Анчелоти.

Станува збор за Модриќ и Крос кои го сочинуваа „јадрото“ на Реал долги години и беа најзаслужни за големите успеси.

Двајцата имаат отворени понуди за продолжување на соработката, но се уште немаат донесе одлука дали ќе се пензионираат или ќе играат уште една сезона.

Дани Себаљос и Марко Асенсио имаат 50% шанса да останат во „кралскиот“ клуб, преговорите со нив се во тек, но имаат и понуди од Премиер лигата.

Единствен кој сигурно заминува е Маријано Дијаз на кого Реал сигурно нема да му понуди нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oбјавен е комплетниот распоред за ЛШ: Еве кога ќе гледаме големи дербија!

Новата сезона од Лигата на шампионите започнува во вторник на 8 септември, а УЕФА денес го…