Дома Топ вести Реал му постави ултаматум на Мбапе – конечна одлука до 15 јануари

Реал му постави ултаматум на Мбапе – конечна одлука до 15 јануари

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на 30 јуни 2024 година. Тој се уште не го продолжил, а Реал Мадрид наскоро ќе преземе конкретни чекори за негов ангажман.

Шпанците истакнуваат дека Реал од 1 јануари ќе има право да преговара со Мбапе и ПСЖ нема да може да влијае на тоа бидејќи на неговиот играч му истекува договорот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Кога Реал ќе ја повика мајката на Мбапе и менаџерот Фајза Ламари на 1 јануари, тие ќе и кажат дека нејзиниот син има 15 дена да одговори на понудата. Нема да бидат прифатени дополнителни размислувања или промени. Мбапе ќе има 15 дена, повеќе од доволно, да рече дека сака да оди во Мадрид“, пишува Ас.

Ако Мбапе не се согласи на трансфер до средината на јануари, нема ништо од трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…