Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уругвајскиот дефанзивец игра одлично оваа сезона и е можеби најсветла точка во каталонскиот тим.
Неговиот договор со Барселона истекува во јуни 2023 година и клубот од „Камп Ноу“ се уште не започнал преговори за продолжување на соработката.




Преговорите сака да ги расипе Перез, кој планира да му понуди многу поголема плата на Араухо и да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.




Тој се надева дека нема да има продолжување на соработката и дека ќе дојде во Реал Мадрид како слободен играч во летото 2023 година.