Реал Мадрид има голема амбија на лето да ги донесе двајцата најголеми таленти, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Меѓутоа, тоа изгледа скоро неверојатно ако се земе во предвид вредноста на нивните трансфери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Весникот „АС“ пресмета дека „кралевите“ ќе мора да спремат неверојатни 852 милиони евра за да ги реализираат двата трансфери. Тука се вклучени трансферните суми, како и платите за двајцата за шест сезони.
Се очекува ПСЖ и Дортмунд да барата најмалку по 150 милиони евра, што значи дека двата трансфери ќе го чинат Реал 300 милиони евра. Се претпоставува дека Мбапе ќе бара плата од 36 милиони евра по сезона, што со вклучени даноци изнесува 72 милиони евра годишно.
Халанд би добивал значително помала плата, односно 10 милиони евра, што со вклучени даноци изнесува 20 милиони евра годишно. Ако се собере сето тоа, Реал само за плати за двајцата ќе потроши 552 милиони евра за шест години.
Реал е „крал“ на скапите трансфери, но во услови на пандемија тоа изгледа готово невозможно.