Дома Фудбал Реал Мадрид спремен да ги продолжи тренинзите

Реал Мадрид спремен да ги продолжи тренинзите

Раководството на Реал Мадрид сака тимот да продолжи со тренинзите, открива мадридска „Марка“.

Сезоната во Шпанија беше прекината поради пандемијатата од коронавирус, а земјата се уште е во вонредна состојба. Според ведникот, сепак, клубот ја истражува можноста за обновување на своите активности.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите во Реал Мадрид беа ставени во карантин на 12 март поради позитивниот тест од кошаркарот Треј Томпкинс. Карантинот истече на 27 март. Шефот на медицинскиот персонал на „кралскиот“ клуб, Нико Михиќ, подготвува протокол за безбедност, кој играчите ќе треба да го следат по решението за продолжување на тренинзите.

Мерките ќе бидат прилагодени на ситуацијата во Мадрид, бидејќи бројот на заболени од КОВИД-19 во главниот град останува голем. Досега, само Реал Сосиедад води активна подготовка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…