Карим Бензема во јули оваа година прослави деценија од доаѓањето во редовите на најуспешмиот клуб во Европа, а моментално го игра својот најдобар фудбал.
31-годишниот напаѓач роден во Лион на 15 натпревари постигна 11 погодоци и пет асистенции, што го прави најефикасниот играч на Кралевите. Челниците на Реал сакаат да го наградат за одличните игри, а Марка пишува дека се спрема нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Бензема му истекува договорот во 2021. година, а Реал наводно сака да му понуди двегодишно продолжување со значително зголемување на платата.
Французинот заработува преку осум милиони евра, што е скоро дупло помалку од Бејл и четири милиони помалку од Рамос. Новиот договор за Бензема би требало значајно да ја намали оваа разлика.