Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва го победија Леганес со 5:0 во рамките од 11-то коло на Ла Лига.
„Кралевите“ конечно одиграа еден одличен натпревар во кој можеа дури да постигнат и повеќе голови, но тренерот Зинедин Зидан сигурно ќе биде и вака задоволен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Голеадата ја отвори Бразилецот Родриго во 7-та минута. Само минута подоцна Тони Крос зголеми ан 2:0.
До крајот на првиот дел Реал постигна уште еден гол и тоа преку Серхио Рамос кој беше прецизен од белата точка.
Во продолжението Реал малку успори, меѓутоа постигна два гола. Стрелци на овие голови беа Карим Бензма и конечно Лука Јовиќ.
Реал со овој триумф се врати на второто место во Ла Лига со 21 освоен бод.