Најскапото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар не одигра ниту една минута во двата натпревари на Белгија во Лигата на нации.
И покрај тоа Азар цело време беше заедно со своите сонародници во базата на Белгија. Од „Сантиаго Бернабеу“ се незадоволни што фудбалерот не остана во Мадрид да се подготвува за новата сезона, особено поради фактот што не игра за репрезентацијата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Самиот Азар сакаше да го одбие повикот на Роберто Мартинес, но после разговорот со него тој бил убеден дека е важен за репрезентацијата и мора да дојде во базата.
Откако не одигра ниту една минута Реал се налути од целата ситуација бидејќи Зидан сакаше да го има играчот на тренинзи за да се подготвува за новата сезона.