Последните информации покажуваат дека Иско би можел да си замине во Англија.
Реал наводно е подготвен да го пушти ова лето, но само под еден услов, да си оди надвор од Шпанија, поради тоа што не сакаат Иско по истекот на договорот да ја засили Барселона, која во неколку наврати покажа интерес за неговите услуги. „Кралевите“ се свесни дека би можеле да останат без него ова лето, па уште од сега бараат замена, а како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Реал на лето ќе се обиде да го доведе играчот за врска на Баерн, Тиаго Алкантара.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Алкантара под водство на Анчелоти можеби стана и клучот за играта на Баерн. Се споменуваше дека би можел да се врати во Барселона, но Перез планира дополнително да ги расипе плановите на најголемиот ривал и да ги остави и без Иско и без Алкантара. Интерес за одличниот играч на Баерн покажа и Манчестер Сити, поточно неговиот поранешен тренер, Пеп Гвардиола.