Дома Топ вести Реал Мадрид може да се соочи со проблем: Договорил играч без знаење на клубот?!

Реал Мадрид може да се соочи со проблем: Договорил играч без знаење на клубот?!

perez

Реал Мадрид е во проблеми пред правосудните органи и би можел да одговара за својот најнов „грев“.

Играчот на Ривер Плата, Ексиел Паласиос ги договорил сите услови со Реал Мадрид и во претстојниот змиски преоден рок ќе пристигне во Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Деталите не се познати, како и тоа дали 20 годишниот Аргентинец ќе остане на позајмица во Ривер или пак веднаш на 1-ви јануари ќе биде презентиран во Реал Мадрид. Шпанските и аргентинските медиуми тврдеа дека Ривер од Реал ќе заработи околу 20 милиони евра.

Но, сега се појавија проблеми за шпанскиот гигант. Имено, од Ривер се огласија и тврдат дека Реал Мадрид со Паласиос преговарал без нивно знаење, што е против правилата на ФИФА.

Претседателот на Ривер, Родофо Д’Онфорио е револитран од таквото однесување на гигант каков што е Реал Мадрид.

„Досега мислевме дека се работи за медиумски шпекулации, но на крајот најавите на медиумите станаа реалност. Добивме потврда од агентите на Паласиос дека условите се договорени.

Ова сите нас не изненади, таква инсистуција да преговара со играчот без наше знаење. Не се надевававме на ваква ситуација бидејќи не доликува на клуб каков што е Реал Мадрид. Во овој случај тие кон нас покажаа огромно непочитување“, за „Марка“ порача првиот човек на Ривер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…