Францускиот дефанзивец, Рафаел Варан важи за еден од најдобрите играчи на светот на својата позиција.
За услугите на Варан се интересираат многу екипи, но тој неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид до летото 2022. година, а по неговата последна изјава може да се заклучи дека кариерата има намера да ја заврши во овој клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не гледам ништо лошо во тоа во текот на целата кариера да се настапува за само еден клуб. Тоа ми беше на ум и кога го продолжував договорот со Реал во 2014. година. Реал Мадрид е голем клуб“, истакна Варан.
За потсетување, овој дефанзивец во редовите на Реал Мадрид пристигна летото 2011. година од Ленс, а вистинската шанса почна да ја добива од почетокот на 2013. година кога имаше помалку од 20 години и тоггаш покажа за каков играч се работи.
Тој оваа сезона одигра вкупно осум натпревари за кралскиот клуб.