Вчера шпанскиот весник „АС“ излезе со информација дека Ливерпул тешко ќе може да го задржи Мохамед Салах во своите редови, а денес стигна потврда од Англија.
Реал Мадрид минатата година безуспешно се обиде да го доведе одличниот играч кога „Црвените“ бараа повеќе од 180 милиони фунти, но со враќањето на Зидан ситуацијата се промени. Запрашан каде ќе игра следната сезона откако што ја освои Лигата на Шампионите, Салах ништо не сакаше да гарантира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сега не можам да зборувам за својата иднина“, изјави овој 26-годишен Египќанец.
Англиските медиуми пренесуваат дека Салах е отворен за промена на средината, а покрај Реал силен интерес за него покажува и Баерн Минхен.
„Дејли Мејл“ тврди дека двата клуба се спремни да платат 180 милиони фунти и дека наскоро ќе тргнат во офанзива по неговиот потпис.
Салах на „Енфилд“ пристигна пред две години за 42 милиони фунти од Рома и се промовираше во еден од најдобрите фудбалери на светот.
Real Madrid and Bayern Munich are set for a £180m battle over Mohamed Salah this summer. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/Y71YrOH5MK
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 4, 2019