Дома Фудбал Реал Мадрид има нова тактика за корнери. Навивачите во чудо

Реал Мадрид има нова тактика за корнери. Навивачите во чудо

Во првото коло од групата Ц на Лигата на шампионите на Сантијаго Бернабеу, Реал со голот на Џуд Белингам во 94. минута го совлада Унион Берлин, дебитант во елитното натпреварување.

Во првите 45 минути гледавме доста слаб фудбал. Германците не се плашеа од најтрофејниот клуб во историјата и дури во неколку наврати му се заканија на Кепа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Од друга страна, Реал воопшто не покажа ништо во првото полувреме. Единствениот играч кој заслужи позитивна оценка кај Кралевите беше Лука Модриќ, кој стандардно беше одличен, но ја немаше потребната поддршка од соиграчите.

Токму во тој дел од играта камерите уловија интересен момент во корнер на Реал. На Лука Модриќ, кој беше задолжен за сите прекини, му се придружи Давид Алаба, кој застана пред капитенот на Хрватска.

Никому не му беше јасно која е точната идеја на дуото на Реал, но тоа беше доволно за да предизвика внимание на социјалните мрежи, па ESPN на потсмев напиша дека Реал измислил нова техника на корнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…