Дома Фудбал Реал Мадрид е првиот финалист во Суперкупот на Шпанија

Реал Мадрид е првиот финалист во Суперкупот на Шпанија

Фудбалерите на Реал Мадрид се првите финалисти во Суперкупот на Шпанија.

Реал вечерва ја победи Валенсија со 3:1 и без поголеми проблеми помина во следната фаза. Иако тренерот на Реал Зинедин Зидан не можеше да смета на Бејл, Бензема, Азар или Асенсио сепак оние кои се најдоа на теренот лесно ја завршија работата.

Реал натпреварот го отвори со маестрален гол на Тони Крос од корнер во 15. минута. Иско на пет минути до крајот на полувремето зголеми на 2:0, а победникот беше решен во 60. минута кога Модриќ ја погоди мрежата на Валеснија. Валенсија во финишот успеа само да го ублажи поразот преку Парехо од пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Илиќ удри по тимот на Партизан: Од денес не е важен само резултатот

Пред гостувањето кај Железничар во Панчево, Саша Илиќ јасно порача дека во Партизан следув…