Дома Фудбал Лига на шампиони Реал Мадрид е новиот европски шампион!

Реал Мадрид е новиот европски шампион!

Реал Мадрид вечерва во Париз стигна до 14-тата титула европски шампион. Победата ја донесе Винисиус Жуниор со голот во 58-та минута.

Беше Ливерпул подобар противник на теренот од првата минута. Првата голема шанса ја имаше Салах, но Куртоа со одлична одбрана го спаси својот гол. Таа одбрана на Куртоа како да беше само најава за она што ќе следува во продолжение. Набрзо Белгиецот забележа и уште една интервенција.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во самата завршница Реал Мадрид по една мешаница преку Бензема стигна до гол. Се прегледуваше погодокот и во ВАР собата, но на крајот беше поништен поради офсајд. Така на пауза се замина без погодоци 0:0.

Второто полувреме донесе посигурна игра на Реал Мадрид. „Кралевите“ ја има топката во свој посед, меѓутоа без некои посериозни шанси. Подобрата игра на Реал вроди со плод во 59. минута. Валверде со одлична топка го пронајде Винисиус кој немаше проблем на празната мрежа да ја смести топката во мрежата.

До крајот на полувремето Ливерпул создаде уште неколку добри прилики, но Куртоа како да беше несовладлив вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Во Ла Лига изведен најлошиот пенал сезонава 🎥

Фудбалерот од редовите на Осасуна, Анте Будимир го привлече вниманието во шпанскиот фудбал…