Дома Топ вести Реал Мадрид го сака дефанзивецот на Лестер

Реал Мадрид го сака дефанзивецот на Лестер

Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот Французин одигра одлична прва сезона во Премиер лигата, а Карло Анчелоти е голем симпатизаер на неговите квалитети.

Раководството на „кралевите“ веќе стапило во контакт со агентите на Фофана и сакаат да го донесат 20-годишниот дефанзивец на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал размислува да ја засили одбраната откако ова лето остана без Варан и Серхио Рамос. Веќе пристигна Давид Алаба, но Анчелоти сака уште еден квалитетн дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…