Дома Топ вести Реал Мадрид го користи „отпишаниот“ како „мамец“ за „Египетскиот Mеси“!

Реал Мадрид го користи „отпишаниот“ како „мамец“ за „Египетскиот Mеси“!

Eгипетскиот репрезентативец и крилен напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах (25) во овој момент е најдобар стрелец во англиското првенство и е на мета на Реал Мадрид, тврди селекторот Египет, Хектор Купер.

Иако Ливерпул потпиша петгодишен договор, Салах со фантастичните настапи го привлече вниманието на големите европски клубови, а селекторот на египетската репрезентација тврди дека помеѓу тие клубови е и Реал Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Добив потврда дека Реал Мадрид е заинтереситан за Салах, но да не брзаме. Кога би се прашувал јас, тој во овој момент е во одлична ситуација“, изјави селекторот на Египет.

Салах во Ливерпул пристигна минатото лето од Рома за сума од 37 милиони фунти. На 21 натпревар во сите натпреварувања за „црвените“ постигна 20 погодоци и запиша пет асистенции, а со 16 погодоци е најдобар стрелец во Премиер лигата.

Исто така, шпанските медиуми откриваа, а пренесуваат англиските, Флорентино Перез наводно е спремен да го понуди Герет Бејл и одредена сума на пари за „Египетскиот меси“.

daily star

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…