Дома Фудбал Реал Мадрид без Алаба против Севиља во Ла Лига

Реал Мадрид без Алаба против Севиља во Ла Лига

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба го повреди левото колено во мечот од петтото коло во Лигата на шампиони против Шериф Тираспол.

Шпанскиот тим славеше со 3-0, a Алаба мораше да ја напушти играта во 65. минутa. Тој беше стрелец на голот за водство на „кралевите“ во 30. минута. Иако првите најави од Мадрид беа дека австрискиот фудбалер ќе се врати на теренот на следниот меч, но сепак не е така.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По медицинските прегледи беше соопштено дека дефанзивецот мора да го пропушти дуелот против Севиља во Ла Лига, кој се игра викендов.

Повредата не е сериозна, но поради претпазливост Алаба ќе биде надвор од теренот, зашто Реал во продолжение го очекува тежок распоред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…