Дома Фудбал Реал и Сити рутински до четвртфинале 🎥

Реал и Сити рутински до четвртфинале 🎥

Реал Мадрид и Манчестер Сити без поголеми проблеми се пласираа во четвртфиналето од ЛШ, откако уште еднаш беа подобри од Аталанта односно Борусија Мехенгладбах.

Аталанта подобро го отвори мечот и имаше повеќе шанси, но голманот  на гостите Спортиело направи голема грешка.

Тој му ја подари топката на Модриќ, кој му асистираше на Бензема за предност на „кралевите“ со која заминаа на полувреме.

На самиот старт на вториот дел Винисиус имаше голема шанса, но не погоди од чиста позиција. Во 60-та минута Толој направо фаул во казнетиот простор, а сигурен реализатор беше Серхио Рамос.

Аталанта преку Муриел во 83-та минута намали на 2:1, а само две минути подоцна Асенсио ги постави конечните 3:1.

Манчестер Сити уште во првото полувреме со два гола ги реши сите дилеми против Мехенгладвах.

Де Брујн во 12-та минута постигна спектакуларен гол, а неколку минути подоцна Гундоган зголеми на 2:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ред Булс го запре Меси: Крај на голгетерската низа и пораз за Интер Мајами

Лионел Меси остана без гол првпат во последните 13 настапи во регуларната сезона на МЛС, а…