Дома Топ вести Реал и Роналдо имаат слабо помнење: Забораваат дека и тие го направија истото!

Реал и Роналдо имаат слабо помнење: Забораваат дека и тие го направија истото!

Кристиано Роналдо беше прогласен за најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА и ја искористи шансата не само за лична промоција, туку и за провокација на својот најголем ривал Лионел Меси.

Аргентинецот, заедно со другите претставници на Барселона не присуствуваше на церемонијата во Цирих, што беше главна тема во медиумите.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Жалам што фудбалерите на Барселона не присуствуваа на оваа церемонија, но тоа е разбирливо”, изјави Роналдо при примањето на наградата.

Интересно е тоа што ваквата ситуација многу потсетува на онаа од 2012 година со таа разлика што тогаш претставници на Реал и Барселона беа во обратна ситуација. Роналдо и Мурињо беа номинирани за најдобар фудбалер и најдобар тренер, но двајцата, како и останатите од Реал кои беа прогласени во идеалната постава на ФИФА, не заминаа за Цирих, а признанијата им припаднаа на Меси и Гвардиола.

Образложението тогаш беше исто како сега на Барселона, „се подготвуваме за куп-дуелот против Малага“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…