Дома Фудбал Лига на шампиони Реал испадна, но Бензема се запиша во историјата на Лигата на шампионите

Реал испадна, но Бензема се запиша во историјата на Лигата на шампионите

benzema

Напаѓачот на Реал Мадрид нема по добро да го памети својот историски настап во елитното натпреварување.

„Стариот континет“ ќе добие нов клупски шампион бидејќи после три титули во низа во Лигата на шампионите, Реал Мадрид оваа сезона доживеа елиминација во осминафиналето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На патот на „кралевите“ застана Ајакс кој на „Бернабеу“ славеше со 4:1. Холандскиот тим беше предводен од одличниот српски репрезентативец Душан Тадиќ.

Единствениот гол на натпреварот за Реал Мадрид го постигна Марко Асенсио, Безнема не успеа да го поправи својот учинок во Лигата на шампионите. Французинот е четврт стрелец во историјата на елитното натпреварување кога ќе се исклучат квалификациите со 60 погодоци. Пред него се Роналдо, Меси и Раул Гонзалез.

Сепак, иако на неславен начин го заврши учеството во Лигата на шампионите оваа сезона, Бензема успеа да испише историја.

Имено, напаѓачот на Реал Мадрид се изедначи со Тиери Анри по бројот на настапи во Лигата на шампионите.

Двајцата имаат по 112 настапи и се наоѓаат на врвот на листата на француски играчи во Лигата на шампионите кога е бројот на настапи во елитното натпреварување во прашање.

Оваа сезона Бензема не успеа да ја помине легендата на Арсенал, а ќе видиме дали ќе го направи тоа следната сезона бидејќи без сомневање во Мадрид се очекуваат големи промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…