Дома Фудбал Реал има конкуренција од Островот во битката за потписот на големото голманско име

Реал има конкуренција од Островот во битката за потписот на големото голманско име

Познато е дека Реал Мадрид бара човек кој во иднина меѓу стативите ќе го наследи Кејлор Навас.

Големата желба на претседателот Флорентино Перез е секако голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, но ангажирањето на првиот голман на „Ѓаволите“ ќе биде тежок и за кралскиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Така управата на шампионот Шпанија се насочи кон 23-годишниот голман на Атлетик Билбао, Кепи Аризбалаг.

Кепи многумина го сметаат еден од најдобрите шпански голмани веќе сега, а доаз за тоа стана и вториот избор на селекторот на Шпанија, Хулен Лопетеги, за место помеѓу стативите.

Реал во него гледа голман кој би можел да застане на голот долга низа години, но уште неколку тимови го делат тоа мислење. Како што се наведува око на него фрлиле и Арсенал и Челзи.

„Топчиите“ на голот го имаат Петар Чех, па чуден е неговиот интерес за младиот баскиски голман. Од друга страна, Челзи го има Куртоа, па изгледа тој ќе биде конкуренција за белгискиот чувар на мрежата, што несомнено би било одлично за Челзи, но не и за развојот на младиот шпански голман.

Реал секако е уште голем фаворит за неговиот потпис, Билбао ќе се обиде да го задржи, но тоа ќе биде тешка мисија за управата на клубот од „Сан Мамес“, како интересот расте за овој млад голман.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…