Дома Топ вести Реал донесе одлука за иднината на Азар

Реал донесе одлука за иднината на Азар

Раководството на Реал Мадрид донесе одлука за иднината на Еден Азар, кој има големи проблеми со повредите.

Белгиецот од доаѓањето од Челзи има проблеми и не се покажа како големо засилување за „кралевите“, иако тие очекуваа многу од него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Реал нема да се откаже лесно од него. Шпански „АС“ објави дека „кралевите“ ќе го задржат Азар и следната сезона и тоа ќе му биде последна шанса.

Ако не успее да фати ритам, тогаш Азар ќе биде продаден на две години пред да му заврши договорот со актуелниот шпански шампион.

Азар за две сезони одигра само 35 меча за Реал и притоа постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…