Еден од најдобрите светски играчи, Килијан Мбапе на крајот од сезоната би можел да ги напушти редовите на ПСЖ.
Мбапе има договор со ПСЖ до летото 2022. година, но преговорите околу потпишувае на нов не вродија со плод, па се поизвесно е дека овој фудбалер на крајот од сезоната ќе го напушти францускиот првак.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До денеска се чинеше дека неговиот нов клуб ќе биде Реал, кој доколку не се појавеше пандемијата ќе беше донесен уште ова лето, но денеска работите изгледаат поразлично.
Како што пишуваат француските медиуми, за Мбапе сериозно е заинтересиран и Ливерпул, кој и во 2017. година сакаше да го донесе во своите редови, а наводно контактите помеѓу Французинот и англискиот клуб никогаш не престанале.
Нормално, ПСЖ и натаму ќе се обидува да го убеди Мбапе да потпише нов договор, но како што пишуваат познавачите во фрацускиот фудбал, тој веќе одлучил да замине, само прашање е каде. Во Реал Мадрид или Ливерпул?