Ситуацијата со Лука Модриќ ова лето привлече огромно внимание, а за тој случај се зборува и после затварањето на преодниот рок.
Имено, Интер долго време се обидуваше од Реал Мадрид да го „украде“ Лука Модриќ, Перез не попушташе, а на крајот Хрватот остана на „Сантијаго Бернабеу“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Подоцна Перез револтиран од постапките на италијанскиот клуб испрати тужба до Интер кај ФИФА, а денес светската фудбалска организација се огласи на таа тема.
ФИФА соопшти дека испратено е писмо до двата во клуба во кое стои дека случајот за нив е затворен и дека Интер нема да добие никаква казна.
Ќе потсетиме, неодамна Перез излезе со изјава во јавноста во која тврдеше дека Интер се обидувал да го доведе Модриќ во своите редови без да плати.