Дома Фудбал Англија Реал го сака трансфер гуруто на Ливерпул

Реал го сака трансфер гуруто на Ливерпул

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака да го убеди спортскиот директор на Ливерпул, Мајкл Едуарс да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, пренесуваат медиумите на Островот.

Перез планира сериозна реконструкција и подмладување на тимот и многу му е важно да има вистински човек кој ќе ги реализира следните трансфери.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Едуарс е познат како „трансфер гуру“ на Луверпул. Тој пристигна на Енфилд во 2011 година, а од 2016 година ја презеде должноста на спортски директор.

Тој одигра клучна улога во трансферите на Салах, Робертсон, Ван Дајк, Садио Мане и Алисон Бекер, а неговиот договор со Ливерпул истекува следното лето.

Англиските медиуми пренесуваат дека Едуардс уште во август му соопштил на сопствениците на Ливерпул дека има намера да ја промени средината кога ќе му истече договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…