Мадридски Реал вчера се обиде да го ангажира Антонио Конте на менаџерската позиција, тврди Скај Спорт Италија.
Кралевите се во потрага по нов тренер откако Зидан одлучи да поднесе оставка, а европските медиуми лицитираат со разни имиња кои би можеле да го преземат кормилото на Европскиот првак.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интересна вест вечерва донесе Скај Спорт Италија. Претседателот на Реал, флорентино Перез го контактирал менаџерот на Челси, Антонио Конте и му го понудил тренерското место, а тој го одбил.
Одговорот ‘не’ стигнал од навистина бизарна причина. Конте на првиот човек на Реал му соопштил дека го почитува договорот кој го има со Челси и одлучил да ја одбие понудата.
Оваа одлука е големо изненадување кога се знае дека за италијанскиот стручњак во лондонскиот тим веќе бараат замена, а на неговото место се очекува да седне Лорен Блан.
Сепак, очигледно е дека Конте не сака да го напушти Челси без оштета. Ако ја прифати понудата на Реал тоа би значело дека тој самоволно го напушта Челси.
Реал новиот тренер би требало да го именува во наредните денови, а за сега како главен фаворит се споменува поранешниот играч на овој тим, Гути.