Како што пишуваат шпанските реномирани весници „AS“ и „Marca“, здраствената состојба на Дани Карвахал е подобрена.
Карвахал има проблеми и поради тоа мораше некое време да биде надвор од терените, имаше најавено дека паузата би можела да трае неколку месеци, но неговото враќање на теренот ќе биде порано отколку што се очекуваше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најдобрите десни бекови во светот од вчера повторно тренира, но со послаб интензитет од останатиот тим. Лекарскиот тим на Реал ќе мора внимателно да ја следи неговата здраствена состојба, иако најновите резултати даваат доста причини за оптимизам.
Се уште не е познато кога Зидан ќе може да смета на Карвахал.