Не престануваат шпекулациите за евентуалниот трансфер на Нејмар во Реал Мадрид, денес во медиумите се појавуваат нови информации.
Сигурно дека Нејмар во текот на летниот период ќе биде еден од фудбалерите за кој најмногу ќе се пишува.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилецот во овие момент е повреден, можеби повеќе нема да играа оваа сезона со цел да биде спремен за Светското првенство во Русија.
Реал Мадрид го сака Нејмар на „Бернабеу“, барем управата и дел од играчите, а некои од нив дури и самите се залагаат за овој трансфер навистина да биде реализран.
Како „агенти“, односно луѓе кои би можеле да имаат значителна улога во овој трансфер се двајцата фудбалери на „кралевите“ Касемиро и Марсело, соиграчите на Нејмар од репрезентацијата на Бразил.
Марсело наводно веќе му кажал на Нејмар дека во Мадрид би бил дочека со раширени раце од сите соиграчи. Како сума која наводно Реал би ја платил се споменува 400 милиони евра.
Веќе пишувавме и дека „Најк“ наводно се понудил на Реал финансиски да му помогне. Тие се спонозори на Нејмар и имаат големо влијание врз одлуката на фудбалерот. Секако условот е Реал да го исфрли „Адидас“ и да се префрли на „Најк“.
Како и да е сигурно дека на повидок е уште една летна сапуница.