Шпанскиот гигант Реал Мадрид покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Анчелоти сака да ја засили одбраната, па прва мета на „кралевите“ е токму Гомез од Ливерпул.
24-годишниот Англичанец има проблем со повредите оваа сезона, па запиша само четири настапи за Ливерпул, но веќе се етаблираше во еден од најдобрите млади стопери во Европа.
Гомез е прва желба, но не е единствена опца за Реал, кој внимателно ја следи ситуацијата и со Рудигер од Челзи, Кунде од Севиља и Пау Торес од Виљареал.
Ливерпул сигурно нема лесно да се откаже од дефанзивецот, но е спремен да го пушти доколку пристигне примамлива понуда.