Според шпанските медиуми, Карим Бензема ќе го пропушти вечерашниот натпревар на Реал Мадрид против Реал Сосиедад.
Ваквата вест е загрижувачка за фановите затоа што четири дена подоцна Реал Мадрид го чека финалето во Копа Дел Реј против Осасуна, додкеа наредната недела е првиот натпревар од двомечот во полуфиналето од ЛШ против Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Засега од редовите на европскиот шампион нема соопштение за ситуацијата на Бензема, меѓутоа се очекува Французинот да биде спремен пред најважните натпревари сезонава.
Во трка со времето да биде спремен за овие два натпревари е и Лука Модриќ кој веќе одреден период е надвор од терените.