Дома Фудбал Реал без капитенот цели шест недели!

Реал без капитенот цели шест недели!

Поради повреда на коленото Реал Мадрид ќе биде без својот капитен Серхио Рамос цели шест недели.

Рамос се повреди на гостувањето против Албанија во Скадар и според најновите лекарски информации нема да му биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан до крајот на ноември.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид не соопшти колку време играчот ќе биде надвор од терените, но според пишувањата на медиумите, за ваков тип на повреда вообичаена е пауза од шест недели.

Серхио Рамос на терените треба да се врати во втората половина на ноември и се очекува да ги пропушти дуелите со Бетис, Атлетик Билбао, Алавес и Леганес во Примера како и двомечот со Легија Варшава во Лигата на Шампионите.

Лекарскиот тим на „кралевите“ се надева дека ќе успее да го опорави капитенот за големото дерби против Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …