Дома Фудбал Англија Реакцијата на Фирмино на навредите од Хендерсон до Габриел 📸

Реакцијата на Фирмино на навредите од Хендерсон до Габриел 📸

Aрсенал вчера на свој терен во дербито го победи Ливерпул со 3:2, а во самиот финиш видовме и искри на теренот.

„Топџиите“ успеаа после две години конечно на „Емирати“ да го победат Ливерпул и со овие три бода се вратија на лидерската позиција во Премиер лигата. На „Емирати“ вчера видовме пет гола и навистина одличен натпревар, меѓутоа дамка фрли судирот помеѓу Џордан Хендерсон и Габриел во самиот финиш.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двајцата влегоа во жестока расправија и во таа ситуација наводно Хендерсон на расна основа го навредувал Габриел. Во оваа ситуција хит на друштвените мрежи стана фотографијата додека траеше нивниот конфликт. Очигледно Роберто Фирмино слушна што Хендерсон му дофрлил на Габриел и може да се забележи дека не е воодушевен.

Според информациите од Островот делегатот на натпреварот во записникот го навел и тој момент, па ако се покаже дека Хендерсон навистина на таков начин го навредил Габриел може да се соочи со жестока казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …